Какво селфи, фановите на Манчестер јунајтед се „топат“ (Фото)

Петер Шмајхел (56) и Едвин ван дер Сар (50) се голмани кои пишуваа историја во Манчестер јунајтед. Заедно одиграа дури 664 меча и освоија по една титула во Лигата на шампионите со Црвените ѓаволи, а откако секој си го фати својот пат, денеска патиштата повторно им се вкрстија, и тоа во данскиот град Хернинг.

Вечерва во Хернинг, меч од ЛШ играат Митјиланд и Ајакс. Ван дер Сар допатува во Данска како извршен директор на амстердамскиот клуб, а Шмајхел како Данец не сакаше да ја пропушти шансата во својата земја да го нагости Ван дер Сар и да го гледа мечот.

Навивачите на Манчестер јунајтед, но и многу други кои се сеќаваат какви голмани беа овие двајца, сигурно ќе бидат воодушевени од селфито. А, и на случајните минувачи во градот со 55.000 жители сигурно им беше пријатно што ги видоа овие две легенди.

- Оглас -

Најнови вести