15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Калабалак беше за пеналот на Рома, Мхитаријан играше со рака, па Абрахам му посмета на Верету (Видео)

Вистински калабалак имаше во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Јувентус и Рома, а гостите промашија пенал за израмнуваење на 1:1.

При акцијата за пеналот во 44-тата минута, Волчицата постигна гол, но беше оправдано поништен. Судијата Даниеле Орсато судеше прекршок над Тами Абрахам за пенал, а потоа Мхитаријан со рака ја удри топката пред таа да зварши во мрежата на Јувентус.

Потоа Абрахам и Верету се скараа кој ќе го изведе пеналот, ситуација што го изнервира и Жозе Мурињо, а најлошото сценарио за Рома беше утката на Верету од белата точка.

Шченсни му го одбрани пеналот на францускиот интернационалец, а виновник беше и Абрахам, кој бараше да го шутира пеналот за Рома.

Целата ситуација од 44-тата минута можете да ја погледнете ОВДЕ.

Јувентус претходно во 16-тата минута од мечот поведе со чудниот гол на Мојзе Кен. 

- Оглас -

Најнови вести