Калафиори: Премиер лигата не е супериорна во однос на Серија А!

Италијанскиот фудбалер Рикардо Калафиори кој летово за 45 милиони евра од Болоња се пресели во Арсенал, во интервју за италијанската телевизија РАИ, изјави дека направил добар чекор за неговата кариера и ги објаснува разликите помеѓу Серија А и Премиер лигата.

„Не сакам да кажам дека Премиер лигата е супериорна во однос на нашата лига, но секако е поразлична. Тука има поголем интензитет, поинаков стил на фудбал се игра. Можеби е малку рано да се каже, но мислам дека оставам добар впечаток“, изјави 22-годишниот Калафиори кој може да игра и како лев бек и како централен дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести