Калафјори прегрме неверојатни искушенија и блеска против Јувентус во дебито за Рома (Видео)

Рикардо Калафјори блеска во дресот на Рома во дебитантскиот настап за Волчицата во Серија А, а 18-годишното момче постигна и страшен гол, кој беше поништен поради лет на топката за некој сантиметар надвор од теренот.

Потоа тинејџерот што беше на прагот да ја заврши кариерата пред воопшто и да ја почне сериозно, изнуди пенал во финишот на првото полувреме, а го реализираше капитенот Пероти за целосен пресврт и предност на Рома од 2:1 во Торино. Моментот од 44. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Рикардо е тинејџер и има само 18 години, а пред две сезони претрпе тешка повреда на меч од јуниорската лига на шампионите. Коленото комплетно му се измести од лежиште по еден старт на противнички играч, а прогнозите беа црни и велеа дека Калифјори нема да може повеќе да игра фудбал.

Но, левиот бек покажа челична волја и успеа да се врати, а вечерва во последното коло сезонава во Серија А доби и шанса да дебитира за сениорскиот тим на Рома. И играше одлично во првото полувреме и е меѓу најдобрите на теренот во конкуренција на играчите на шампионот Јувентус, но и на соиграчите и негови идоли од Рома.

А, тие во знак на респект во 2018 година кога Рикардо тешко се повреди честопати истакнуваа симболи за да му дадат поддршка на големиот талент да продолжида се бори и да се врати повторно на терен.

 

- Оглас -

Најнови вести