Нема ниту еден играч на Спортска прогноза кој погодил повеќе од шест од осумте вчерашни натпревари од основната 13-ка, а тие осуммина кои засега се во шестки, остануваат во игра за 11-ка што би им донело ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари, но ќе треба да ги погодат сите пет денешни мечеви кои останаа.
За денеска останува да се одиграат уште пет дуели, а возбудувањата ќе започнат од 12.30 часот кога ќе играат Каљари и Пиза. За овој меч, дури 80,92 отсто од играчите чекаат да победи домашниот тим.
Мнозинството верува и во другите два домаќини од Серија А, 54,1 отсто сметаат дека Сасуоло ќе го победи Торино, додека 65,5 проценти сметаат дека Фиорентина ќе го совлада Удинезе и конечно ќе дојде до прва победа сезонава.
Нешто над половината, 52,9 отсто типуваале на победа на Астон Вила против Манчестер јунајтед, а реми на Елче – Рајо Ваљекано чекаат 48,5 проценти од играчите. Според тоа, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:
3003 Каљари – Пиза 1
3004 Сасуоло – Торино 1
1009 Астон вила – Манчестер ј. 1
3005 Фиорентина – Удинезе 1
1307 Елче – Рајо Ваљекано Х

