Италијанскиот град Каљари ќе добие нов модерен стадион на кој ќе се играат натпревари на Европското пренство во 2032 година.
Проектот е готов, а стадионот кој ќе се вика „Џиџи Рива“ во чест на еден од најголемите фудбалери во историјата на Италија, ќе биде спектакуларен. Стадионот со капацитет од 30.000 седишта ќе биде изграден на местото на кое сега е стариот „Сант Елија“. Се наоѓа веднаш покрај море, а ќе има и базени каде дел од публиката ќе може да ужива.
Погледнете како ќе изгледа новиот стадион кој треба да биде изграден до јуни 2026 година: