Каљари ќе има само 10 навивачи на гостувањето кај Наполи

Откако Каљари избори опстанок во Серија А минатата недела, неговите фанови не се многу мотивирани да патуваат во Неапол и само десетмина купиле билети за да присуствуваат на последното гостување сезонава.

Стадионот ќе биде преполн, се очекува да биде надминат сезонскиот рекорд поставен на дербито против Интер кога имаше 53.851 луѓе, и за прв пат оваа сезона, целиот стадион ќе биде со домашни навивачи кои се надеваат на победа на Наполи и освојување на титулата првак на Италија.

И гостинскиот сектор на трибините во кој има 2.482 седишта, ќе биде пополнет со навивачи на Наполи, поточно покрај 10-те фанови на Каљари, ќе има и ученици, семејства и лица со посебни потреби.

- Оглас -

Најнови вести