Панатинаикос ја победи Црвена ѕвезда во драматична завршница со 87:82 во меч од првото коло во новата сезона во Евролигата, а доминираа двајца играчи што се или биле членови на грчкиот тим.
Ник Калатес беше незадржлив за одбраната на гостите од Белград и постигна 21 поен, комбинирани со 7 асистенции, а на спротивната страна кај Црвена ѕвезда со 22 поени и 7 скока најдобар беше Џејмс Гист, кој е поранешен кошаркар на Панатинаикос.
* Things you love to see *@ReseRice4 with no-look dimes!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/Hrx1Z8T5Io
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 3, 2019
Претходно во премиерниот меч од новата сезона Химки го победи Макаби со 89:83, а во тек се дуелите меѓу Баерн и Армани Милано и дербито меѓу Реал Мадрид и Фенербахче.