Калатес ги надигра „своите“, Барса му набива комплекс на ПАО

Барселона ја доби драматичната пресметка против Панатинаикос со 97:89 по петте дополнителни минути за четврта победа едноподруго на Каталонците во меѓусебните дуели против грчкиот гигант.

Ник Калатес, еден од најдобрите играчи во историјата на ПАО, вечерва немаше милост против својот неодамнешен тим и со 14 поени, 5 скока и 5 асистенции блескаше за составот предводен од Јасикевичиус, иако не беше најефикасен меѓу домашните кошаркари.

Неизвесно беше од почеток до самиот крај на средбата, а Калатес го направи клучниот потег на дваесетина секунди до финишот, кога украде топка при промашен напад на домаќините, меѓутоа ПАО успеа да израмни и да изнуди продолжение, во кое немаше сили да ја прекине низата порази против шпанскиот вицешампион.

Хигинс со 24 поени ја предовеше Барса, со 20 поени придонесе Дејвис, додека и Фостер имаше 24 поени на другата страна, но недоволно за избегнување пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести