Италијанската Влада им дозволи на калчолигашите да почнат со тимски тренинзи од 18 мај, односно од следниот понеделник. Ова го потврди министерот за спорт, Винченцо Спадафора, преку соопштението кое го објави денес.
Фудбалската федерација треба да направи минимални промени во здравствениот протокол кој ќе се примени од страна на екипите во пресрет на враќање на терените.
Тимските тренинзи на еден начин го најавуваат рестартот на сезоната во Серија А, кој најверојатно ќе го дочекаме на почетокот од јуни. Речиси сите калчолигаши ги отворија тренинг-центрите, но се тренира индивидуално, а на истото место се вршат и тестирата за вирусот ковид-19.