Калчолигашите беа расположени за голови: На три меча имаше 13 гола

На три одиграни натпревари од денешната програма во Серија А лигата беа постигнати неверојатни 13 погодоци, или во просек од 4.5 на натпревар.

Денешната понуда ја затворија Џенова и Верона а средбата заврши со резултат 3:3. Гостите имаа предност од 0:2 се до 75. минута, кога домаќините со два гола преку Кришито и еден на Дестро направија комплетен пресврт, но, за конечниот исход се погрижи Никола Калиниќ во судиското продолжение.

Горан Пандев влезе во игра во второто полувреме и беше „талисман“ за неговиот тим кој дојде до нов значаен бод во борбата за опстанок. Претходно, Интер и Аталанта одиграа 2:2, додека Милан славеше на гостувањето кај Специја со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести