3650 Наполи – Лацио (20:45ч)
Она што македонската јавност ја интересира за овој меч е дали Елмас и Гатузо најдоа заеднички јазик и дали нашиот бисер ќе се појави на стадионот „Диего Марадона“. За домаќините ќе биде добро доколку Елиф добие минутажа, повеќепати покажа дека е важен за Наполи како што е важен за Македонија. Како и да е, двете екипи се борат за топ 4 местата во Серија А, тоа треба да се искористи на обложувачки начин.
Иако само два од последните пет меѓусебни меча на Наполи и Лацио завршија со голови на двете страни, токму ГГ3+ се очекува во Неапол, поради што на домаќините и тоа како им е потребна победа, додека тимот на Инѕаги влезе во серија од пет победи.
Предлог тип: ГГ3+ (1.78)
3009 Рома – Аталанта (18:30ч)
Рома е прилично десеткувана, па затоа Аталанта е фаворит да слави на „Олимпико“. Тој факт и моменталниот пласман на табелата во Калчото ѝ даваат поголеми шанси на Божицата да триумфира, која нанижа пет победи во изминатите пет кола и не планира да застане вечерва.
Разликата меѓу двете екипи е 10 бода, Аталанта со победа може да дојде зад Интер на второто место, а она што ветува ефикасен меч во Рим е меѓусебната блиска историја. Рома и Аталанта во четири од последните пет меѓусебни средби одигруваа ГГ3+, па ништо помалку не се очекува и сега.
Предлог тип: ГГ3+ (1.85)
1309 Атлетико Мадрид – Уеска (19ч)
Атлетико без Суарес и Феликс ќе атакува на бодови против Уеска, која исто така сонува за победа која ќе ѝ ги зголеми шансите за опстанок. Сепак, влогот на Јорганџиите е поголем да се остане во трка за титулата во Шпанија, а секој нареден кикс ќе им ги олесни работите на Реал и Барселона.
Затоа тимот на Симеоне ќе се погрижи за 13-тата победа по 17 меча на домашен терен во првенството, а историјата вели дека Уеска ќе прими барем два гола на „Ванда Метрополитано“. Гостите во три дуели против Атлетико никогаш не ја сметиле топката зад грбот на Облак.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.89)
1351 Барселона – Хетафе (22ч)
Хетафе покажа храброст во ремито без голови против Реал, но сега гостува на „Камп ноу“ кај разиграната Барселона, која пред поразот од Кралевите во Ел Класико не знаеше за негативен резултат во 19 последователни лигашки натпревари.
Хетафе го доби првиот дуел сезонава против Каталонците со минимални 1-0, што уште повеќе ги мотивира избраниците на Куман да се реваншираат, а притоа со овојувањето на три бода да останат во игра за титулата во Шпанија. Хетафе никогаш се нема радувано на триумф на „Камп ноу“, додека Барса славеше во четири од последните пет меѓусебни средби како домаќин, на кои на две од нив победуваше убедливо со по 6-0.
Предлог тип: 1 & 2>1 (2.35)
1005 Лестер – ВБА (21ч)
Мисијата на Лестер е пласман во ЛШ, додека ВБА се бори за опстанок, па затоа очекувањата се дека дефинитивно ќе има победник на средбата. Секако, фаворити се Лисиците иако последен првенствен триумф над ВБА на домашен терен остварија во 1994 година.
Звучи чудно, но Вест Бромич трипати славеше во последните пет гостувања на стадионот „Кинг пауер“, но го загуби првиот овосезонски дуел како домаќин со убедливи 0-3. Тимот на Брендан Роџерс ќе оствари двоен триумф, а воедно ќе ја прекине лошата серија против далеку послабата екипа предводена од Алардајс.
Предлог тип: 1 & T12+ (1.98)