19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Калчолигашите во проблеми: Неколку клуба немаат пуштено плата од август

Наполи, Џенова, Лацио, Беневенто и Сампдорија се клубовите од Серија А кои до 1 декември имаат рок да ги исплатат платите на играчите и останатите вработени кои доцнат од август.

Во спротивно, клубовите на Елиф Елмас и Горан Пандев ќе се соочат со санкции од страна на лигата, но како што известуваат италијанските мeдиуми, споменатите клубови ќе ги подмират сметките до последен момент.

Исто така има клубови кои немаат пуштено плата од септември, тоа се Интер, Рома, Болоња, Парма и Кротоне, додека со доцнење од еден месец се шампионот Јувентус, Милан, Аталанта, Фиорентина, Калјари, Сасуоло, Специја, Удинезе, Торино и Верона.

- Оглас -

Најнови вести