Калчото беше поим за тврд фудбал и нерешени дуели, сега сезоната почна без ниту едно реми

Јувентус и Наполи убедливо победија во последните мечеви од првото коло во Серија А и за првпат по многу години стартот на сезоната во Италија е без ниту еден нерешен резултат.

Првенството што порано беше поим за тврд и тактички фудбал, со малку голови и многу нерешени дуели сега е нешто сосема друго.

Во стартното коло во сезоната 2022/23 популарното Калчо почна со по пет победи на домашните и на гостинските екипи и со 32 гола на 10 меча, или во просек по 3,2 погодоци на натпревар, што е одличен ефект.

Најубедливите победи се случија на двата последни натпревари, што се играа вчера. Наполи со 5:2 ја победи Верона и тоа е најубедливата гостинска победа во премиерното коло во Серија А, а и Јувентус се истакна со триумф од 3:0 во Торино против Сасуоло, што е најубедлива победа на домашен тим.

Изненадувања немаше и сите фаворити што се посочени како главни кандидати за Скудетото, а тоа се Јувентус, Милан, Интер, Рома, Наполи и Аталанта победија, заедно со Фиорентина, Лацио, Торино и Специја, кои исто така победнички го почнаа новото првенство на Чизмата.

 

- Оглас -

Најнови вести