Календарот на Ливерпул за 2025 година открива дали ќе останат Салах, Ван Дајк и Александер-Арнолд?

Иднината на големите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, продолжува да биде предмет на шпекулации и коментари. Договорите на тројцата истекуваат на крајот од сезоната, а клубот одбива да ја коментира ситуацијата со нив и што ќе биде нивната иднина налето.

Веќе во јануари, тројцата ќе имаат право да започнат преговори со други клубови бидејќи до истекот на нивните договори ќе останат помалку од шест месеци.

Според најновите информации од Англија, Мохамед Салах има желба да остане на „Енфилд“ и да го продолжи договорот, додека капитенот Вирџил ван Дајк сè уште разгледува и други можности. Од друга страна, речиси сигурно ќе замине во Реал Мадрид десниот бек Трент Александер-Арнолд.

Со последниот потег надвор од теренот, раководството на Ливерпул ги засили шпекулациите дека иднината на тројцата на „Енфилд“ не изгледа многу сигурна.

Клубот го објави новиот календар на тимот за 2025 година, каде што токму Александер-Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк се прикажани во првите три месеци, по голманот Алисон Бекер, кој е лицето за јануари.

Многумина овој потег го протолкуваа како знак дека тројцата нема да бидат дел од клубот по мај 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести