Калгари ќе ги скроти „којотите“, шампионот од 2005 година не знае за победа во Ел-еј

Калгари флејмс – Аризона којотс (22 часот)

Лидерот во Западната конференција се врати на победнички патеки по четири последователни порази, а против Аризона ќе бркаат втора победа во низа. Калгари во овој меч ќе влезе како голем фаворит, особено што во последните два меѓусебни меча против „којотите“ постигнаа 13 гола (7-1, 6-1). Од хокејарите на Бил Питерс се очекува да одиграат на високо ниво, а нема да биде изненадување ако повторно направат гол-шоу.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.21)

 

Колумбус блу џекетс – Тампа беј лајтнинг (01:30 часот)

Импресивната форма на Тампа беј треба да продолжи и на гостувањето во Охајо. Водечката екипа од Истокот бележи пет победи во низа со вкупен учинок од 25 погодоци, а успешна серија брои и против тимот на Колумбус (пет победи во последните пет меѓусебни средби). Но и домаќините не треба веднаш да се отпишат, имаат само еден пораз од последните шест средби, што наговестува дека нема да се предадат без борба.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Сан Хозе шаркс – Бостон бруинс (04:00)

Со сигурност ова е дебри на вечерта во НХЛ-лигата, играат вториот тим од Западот против третата најдобра екипа од Истокот. Бостон има убави спомени од последните неколку гостувања кај Сан Хозе, а дури четирипати славеле во последните пет меѓусебни пресметки, учинок кој сигурно ќе им користи како мотив во овој меч. Хокејарите на Сан Хозе имаа импресивна серија до пред два меча, кога на нивен терен Вашингтон славеше со убедливи 5-1, но од тоа разочарување брзо закрепнаа и сега се жедни за нова победа, а воедно ќе сакаат да го одржат чекорот со Калгари на врвот на Западот.

Предлог тип: 1 пол. (2.50)

 

ЛА кингс – Вашингтон капитолс (04:30 часот)

Актуелниот шампион во неколку наврати сезонава покажа турбулентни настапи, реткост е да влезат во победничка серија. Сепак, на чело со предвоникот Овечкин не би требало да имаат проблеми на гостувањето во Лос Анџелес. „Кралевите“ се очајни сезонава, тие се најслабиот тим во Западната конференција. Ќе се види дали нешто научиле од четирите последователни порази во изминатиов период, а мотивација треба да им биде фактот што долго време не знаат за пораз на домашен терен против екипата од Вашингтон.

Предлог тип: >5.50 (1.82)

- Оглас -

Најнови вести