Калин е голема тениска надеж на Македонија, ќе игра и на Отвореното првенство на Австралија

Најголемиот македонски тениски талент, Калин Ивановски се пријави за настап на јуниорскиот гренслем-турнир во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија.

Ивановски за првпат ќе настапи на првиот гренслем во сезоната, откако одигра одлично лани на Вимблдон, а потоа играше и на Отвореното првенство на САД во Њујорк.

Беше осминафиналист на легендарниот турнир во Лондон, а сега ќе се обиде да одигра одлично и во Мелбурн.

Турнирот во сениорска конкуренција ќе се игра од 17 до 30 јануари, а јуниорите ќе почнат со настап на 22 јануари, а шампионот ќе биде познат на 29 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести