Завршија заедничките тренинзи на Калин Ивановски со најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, кои изминативе 10-тина дена се одржуваа со Дубаи. Неверојатно искуство за нашиот тенисер кое со сигурност многу ќе му користи во понатамошниот тек од кариерата.
Калин Ивановски на социјалните мрежи упати благодарност до Ѓоковиќ за заедничките тренинзи.
„Би сакал да му се заблагодарам на Новак Ѓоковиќ и на неговиот тим за незаборавните десет дена во Дубаи. Ми беше задоволство и привилегија да го делам тенискиот терен со тебе“, напиша Ивановски.