Најдобрите македонски тенисер и тенисерка, Калин Ивановски и Лина Ѓорческа, 2024 година ја започнаа со скок од една позиција на АТП и ВТА ранг-листите.
На денешната АТП ранг-листа, Калин Ивановски е 325-ти тенисер на светот со 159 бода, колку што имаше и минатата недела.
На ВТА ранг-листата, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, од денеска е 212 тенисерка на светот со 364 поени.
Ѓорческа претстојниот период ја очекува голем предизвик, ќе игра во квалификациите за првиот годинешен гранслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија.