Калин играше блескаво на Вимблдон, веќе е ѕвезда во подем од МАКЕДОНИЈА (Видео)

Калин Ивановски го сврте вниманието кон себе со блескави игри на Вимблдон, каде што денска беше поразен од Шпанецот Роденас во битка за полуфинале, но и секогаш со гордост истакнува за која земја игра.

„Многу сум горд што ја претставувам мојата земја и сакам кога играм за Македонија. Чувството е прекрасно и сега и кога играв во Дејвис купот. Ми дава екстра мотив за игра“, изјави македонскиот тинејџер, кој во мај наполни 18 години.

https://twitter.com/ITFTennis/status/1544755045262139392?s=20&t=QyB6nP5mjSYwFVPr_DvvAA

Досега ниту еден наш тенисер или тенисерка не играле четвртфинале на гренслем, па Ивановски испиша историја, а денеска против Роденас беше на два поени до нов подвиг и пласман во полуфиналето, но загуби со 6:3, 6:7, 4:6.

Еден од потезите, кога сервираше низ нозе за меч поен против Мексиканецот, Пачеко беше хит на Вимблдон и имаше безброј коментари на социјалните мрежи и го имаше во спортските рубрики на светски познати медиуми.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1544302140436480002?s=20&t=QyB6nP5mjSYwFVPr_DvvAA

- Оглас -

Најнови вести