Калин Ивановски испиша историја во македонскиот тенис!

Калин Ивановски е првиот македонски тенисер што освоил ИТФ турнир на тврда подлога, откако 18-годишниот талент го надигра Азиз Кијаметовиќ со пресврт од 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-1) во Монастир, Тунис.

Во исцрпителното финале кое траеше цели три часа, Калин успеа да најде сили и да се врати во игра против фаворитот од БиХ, па со идентични 6-4 изнедначи во сетови. Ивановски во решавачкиот сет му дозволи само едн гем на противникот, па со убедливи 6-1 стигна до посакуваниот пехар и свое место во историјата на македонскиот тенис.

- Оглас -

Најнови вести