Македонскиот тенисер Калин Ивановски, се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Тунис, кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.
Калин денеска имаше исцрпувачки полуфинален меч кој траеше три часа и 44 минути проти Французинот Сирил Вандермерш кој е и втор носител на турнирот во Монастир. Ивановски го загуби првиот сет со 6-7, а потоа ги доби наредните два со 7-5 и 7-6.
Во финалето кое се игра утре, македонскиот тенисер ќе игра со Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.