Победата на турнирот во Тунис, на македонскиот тенисер Калин Ивановски му донесе 15 АТП-поени и џиновски скок на ранг-листата на најдобри светски тенисери.
Ивановски сега е на 779-тото место на АТП-листата, што е напредок дури за 310 места во однос на ранкингот што го имаше пред една недела. Сега 18-годишниот Ивановски е најдоброрангиран Македонец на АТП-лигата. Во првите 1.000 се наоѓа и Горазд Србљак.
Калин е најуспешен македонски тенисер и според учинокот во 2022 година. На АТП-трката тој напредуваше 302 места и сега е 707-ми.