Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денес е успешно опериран во Минхен. Тенисерот со објава на социјалните мрежи се заблагодари на поддршката и најави скоро враќање на терените. Како што вели, операцијата на колкот е успешна.
„Здраво на сите. Сакам да ве информирам дека операцијата на десниот колк ми помина добро. Сакам да му се заблагодарам на мојот доктор, професорот Мајкл Диенст, и неговиот персонал што се грижеа за мене. Ви благодариме за поддршката! Наскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Ивановски.