Македонскиот тенисер Калин Ивановски реди победи на ИТФ турнирот во Мадрид, кој се игра на тврда подлога, за награден фонд од 15.000 долари.
Калин, кој е петти носител на турнирот, денеска го совлада Мексиканецот Алан Фернандо Рубио Фиерос со убедливи 6-4, 6-1. Претходно Фиерос го елиминира првиот носител на турнирот.
Следен противник на најдоброрангираниот македонски тенисер ќе биде Холанѓанецот Сидан Понтјодикромо, кој е полошо пласиран на АТП-листата од Калин. Во другото полуфинале се среќаваат Британецот Вајтхаус (четврт носител) и Шпанецот Ечеверија.