30.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Калин Ивановски поразен во финалето на турнирот во Опатија

Калин Ивановски не успеа да ја заокружи со трофеј одличната серија настапи на турнирот во Опатија, откако во финалето беше поразен од Хрватот Лука Микрут со 0-2 во сетови.

На турнирот, Калин одигра вкупно осум меча, три во квалификациите и пет на главниот турнир, остварувајќи седум победи. Сепак, на крајот немаше сили да го победи и првиот носител.

Микрут започна подобро и брзо поведе со 4-1 во гемови, освојувајќи го првиот сет со 6-3. Во вториот сет, Калин имаше водство од 3-0, но не успеа да го задржи и сетот заврши со тајбрејк. Во клучните моменти, Хрватот беше пофокусиран и го доби тајбрејкот со 7-4 на поени.

- Оглас -

Најнови вести