Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски напредуваше дури за 30 позиции на најновото рангирање на светската АТП-листа. Ивановски освои 21 поен и со вкупно 176 поени сега е на 306-тото место.
Низ историјата на македонскиот тенис само двајца тенисери биле меѓу првите 300 на светот во сингл, тоа се Предраг Русевски и Александар Китинов, а реално на ова друштво може му да се приклучи и Ивановски ако продолжи со добри игри и успеси.
Следниот предизвик за Ивановски е Челинџер 100 турнирот во Бања Лука, каде што во првото коло ќе игра против Французинот Клеман Табу, кој се наоѓа на 300-тото место, односно е шест места пред Калин. Ова ќе биде нивен втор меч откако Табу има победа во финалето на фјучрсот во Куршумлијска бања.
На врвот од АТП-листата нема промени и лидер е Карлос Алкараз со 9.225 поени пред Новак Ѓоковиќ со 8.795 поени, додека трет е Данил Медведев со 6.360 поени.