Калин Ивановски стигна до најдобриот пласман во кариерата на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше напредок на најновата АТП-листа. Ивановски од денеска е на 305-тото место во светот, што е негов најдобар пласман во кариерата. Досега Калин најдобро беше пласиран на 306-тото место, но со пласманот во второто коло на Челинџер турнирот во Братислава, Македонецот доби 15 нови поени и сега има вкупно 176 поени.

Денеска Ивановски има нов предизвик. Од 15:30 часот треба да игра против холандскиот тенисер Јеле Селс. Калин е фаворит на овој меч и се очекува да помине во следното коло.

И останатите македонски тенисери имаат скок на АТП-листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072-рото место со 10 поени (напредок од седум места), а Обрад Марковски е на 1485-тото место со три поени (скок од осум места).

На врвот на листата, Новак Ѓоковиќ ја започна 395-тата недела како лидер на АТП и е чекор плус од историскиот успех, а тоа е да биде прв тенисер кој 400 недели поминал на светскиот врв.

- Оглас -

Најнови вести