Калин Ивановски во три сета поразен на стартот на турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа пораз во три сета (2-1) на стартот на турнирот во Скопје. Тој загуби од хрватскиот тенисер Мили Пољичак, кој е многу подобро рангиран (274.) на АТП листата од Калин Ивановски (982.).

Пољичак го доби првиот сет со 6-4 во гемови. Калин Ивановски ги освои првите два гема, но потоа Хрватот нанижа четири свои успешни гемови во низа. На крајот славеше со 6-4 во гемови.

Калин Ивановски имаше предност и во вториот сет, поведе со 0-2, потоа и со 2-4, но го загуби сопствениот сервис во осмиот гем. Сетот отиде во тај-брејк, а македонскиот тенисер успеа да слави со 7-5 на поени и обезбеди трет сет.

Во решавачкиот трет сет, Пољичак веднаш направи брејк, а потоа го задржа својот сервис сѐ до крајот и го комплетираше со 6-4 во гемови, за конечни 2-1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести