Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, не успеа по втор пат годинава да крене шампионски пехар, откако загуби во финалето на турнирот во Тунис.
Подобар од него беше домашниот тенисер Моез Ехаргуи кој славеше во три сета.
Калин одлично го започна финалето и го освои првиот сет со 6:3, но Тунижанецот возврати со иста мера во вториот сет. Третиот сет беше решен во тај-брејкот во кој Ехаруе славеше со 7:5.
Калин Ивановски во 2023 година триумфира на турнирот во Мадрид.