Калин остана кус за пет места, ќе мора да игра квалификации како петти носител за настап на САД опен (Фото)

Калин Ивановски ќе мора да игра квалификации за настап на јуниорскиот дел од гренслемот во Њујорк, на популарното Отворено првенство на САД.

Најдоброрангираниот македонски тенисер е само за пет места под листата со најдобрите 46 јуниори кои обезбедија директен настап на последниот гренслем во сезоната.

Калин е рангиран како 51-ви на листата со пријавени тенисери во јуниорска конкуренција и ќе мора да ја мине филтер-рундата за да игра на терените на „Флешинг Медоуз“.

Лани дебитираше на Отвореното првенство на САД во тенис во јуниорска конкуренција, но испадна веднаш во првото коло во квалификациите, и тоа како прв носител.

Сега би требало да е петти носител во квалификациите, ако до четврток некој не се откаже од тенисерите што се пред него на пријавената листа за учество.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести