Калин Ивановски е елиминиран во осминафиналето на ИТФ турнирот во Инсбрук, Австрија, откако загуби убедливо со 1:6, 2:6 од првиот носител Валентин Вашеро од Франција.
Македонскиот тенисер го играше првиот турнир по настапот во четвртфиналето на Вимблдон за јуниори и го мина првото коло, но Вашеро беше преголема пречка.
Денеска се потврди дека 18-годишниот македонски талент игра многу послабо на поспори подлоги, а во Инсбрук се игра на земја.
Сепак Калин сè уште се кали тениски, сега поредовно настапува и на сениорските турнири и ќе има можност да напредува.