Финалната серија во кошаркарската АБА-лига донесе пет многу тензични натпревари помеѓу белградските ривали, на двата тима многу им значеше да ја освојат титулата, а фановите предизвикуваа хаос, па некои мечеви се доигруваа без публика.
Дури и самите кошаркари на теренот се однесуваа неспортски, па по завршувањето на мајсторката, Никола Калиниќ од Црвена ѕвезда тргна да прославува кон клупата на Партизан, а откако Црно-белите реагираа, тој продолжи и им покажува мускули.
Откако се олади, Калиниќ се извини и објасни дека тоа било одговор кон провокациите на Урош Трифуновиќ, кој нешто слично направи на претходниот меч, кога Партизан извојува убедлива победа. Инаку Калиниќ е цел на фановите на Партизан, кои го навредуваат за „искривената уста“.
Погледнете ја завршницата и мешаницата која се создаде по провокативното однесување на Калиниќ: