Калјари до прва радост во Серија А во голеадата против Парма

Калјари стигна до првата победа во Серија А оваа сезона откако триумфираше на гости против Парма со 2-3. Неверојатен натпревар беше одигран вечерва на „Енио Тардини“.

Парма двапати се враќаше од негатива, но на крајот сепак бодовите му припаднаа на Калјари.

Надир Зортеа во 34-та минута донесе водство за Калјари, а израмни Денис Ман во 62-та минута.

Разван Марин постигна прекрасен гол во 75-та минута за нова предност за Калјари, но Парма дојде до ново израмнување со голот од пенал на Хернари во 87-та.

Сепак, во следната акција, веднаш откако тргнаа од центарот фудбалерите на Калјари дојдоа до трет погодок кој им ја донесе и победата. Роберто Пиколи беше стрелец на победничкиот гол за гостите.

- Оглас -

Најнови вести