Марко Асенсио имаше камбек како од сон на мечот со Валенсија и со првиот допир на топката постигна гол за предност на Реал Мадрид од 2:0.
Паузата на одличниот офанзивец беше прекината денеска и Марко игра за првпат по 11 месеци. Влезе во игра во 74-тата минута и веднаш само по 30-тина секунди го прослави враќањето на теренот со убав погодок.
https://twitter.com/ThekidEG/status/1273732618966708226?s=20
Пред него, Карим Бензема му донесе предност на Реал од 1:0 и Кралскиот клуб се наоѓа на прагот на победа, втора во две кола, откако се рестартираше Ла Лига.