Столе Димитриевски се врати на голот на Рајо Валјекано во вистинско време и во камбекот не прими гол, а учествуваше и во историската победа на својот клуб против Мајорка во четвртфиналето на шпанскиот куп.
Голманот на македонската репрезентација за првпат бранеше за клубот од Мадрид во 2022 година, а Рајо Валјекано по вторпат во клупската историја ќе игра во полуфиналето на Копа дел реј.
Оскар Трехо погоди од пенал во 44-тата минута, доволно за второ полуфинале во шпанскиот куп точно по 30 години.
Рајо беше во слична ситуација во 1982 година, но загуби во полуфиналниот двомеч од Спортинг Хихон со вкупен резултат од 3:1 и не се пласира во финалето.
Димитриевски сега има шанса да учествува во најголемиот успех на клубот.
Ждрепката за полуфиналето во Копа дел реј ќе се одржи на 4 февруари.