Абубакар Камара веќе е вишок во Фулам и речиси сигурно ќе биде избркан од клубот откако истепал член на помошен персонал на лондончани и потоа заврши во затвор.
Ова за францускиот интернационалец на „Крејвен котиџ“ е втор инцидент само за неколку денови. Влета во кавга со соиграчот Александар Митровиќ на мечот со Хадерсфилд и буквално му го украде фудбалот за да шутира пенал и не погоди.
Тоа му беше забележано на Камара, а сега веќе нема простор за прошка и тој ќе си замине. Веќе му забранија влез во тренинг-центарот на Фулам на неодредено време, а се чини му истече времето во редовите на англискиот премиерлигаш.