Камавинга е новата голема главоболка за Карло Анчелоти

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, се здоби со мускулна повреда, објавуваат шпанските медиуми. Францускиот играч беше принудно заменет во 56-тата минута при поразот (0-2) против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Камавинга во текот на денешниот ден ги направи медицинските тестови, а според „Марка“, станува збор за повреда на тетивата зад коленото.

Сигурно е дека францускиот играч ќе го пропушти неделниот мадридски дуел против Хетафе. Прогнозите се дека ќе мора да паузира околу три седмици.

Камавинга веќе имаше проблеми со коленото оваа сезона и отсуствуваше речиси месец и половина.

Со ова тој ќе се приклучи на долгата листа на повредени играчи во Реал Мадрид. Во моментов, до крајот на сезоната надвор се: Дани Карвахал и Едер Милитао, а со повреди се и Винисиус јуниор, Родриго и Аурелиен Чуамени. Давид Алаба исто така сè уште закрепнува.

- Оглас -

Најнови вести