Реал Мадрид и официјално потврди дека повредата на Едуардо Камавинга не е наивна и тој ќе го пропушти стартот на сезоната. Французинот не присуствуваше на последните неколку тренинзи на „кралевите“, а најавено беше дека нема да настапи и на последниот контролен меч против Тирол во вторник.
Камавинга го повредил зглобот, а тоа му задава дополнителни главоболки на Чаби Алонсо во пресрет на почетокот на новата сезона во која Реал Мадрид ќе се обиде да ја врати титулата од Ла Лига, но и од Лигата на шампионите.
Parte médico de Camavinga.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 10, 2025