Едуардо Камавинга се повреди на последниот тренинг пред Супер купот против Аталанта и вечерва нема да биде во составот на Карло Анчелоти. Синоќешниот тренинг на Реал Мадрид во Варшава беше прекинат во моментот кога 21-годишниот фудбалер се повреди, а сега од Кралскиот клуб соопштија и за каков вид повреда се работи и колку ќе паузира фудбалерот.
Станува збор за повреда на лигаментите на коленото и Камавинга ќе мора да паузира најмалку 45 дена, а дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе биде потребна и операција, со што би паузирал и многу повеќе.
Сето ова значи дека Камавинга ќе отсуствува на најмалку 10 натпревари на Реал Мадрид, односно во првите осум кола од Ла Лига, како и Супер купот против Аталанта и првото коло од Лигата на шампионите.