Камавинга се изненади од подарокот кој му го даде голманот на Црвена ѕвезда (Видео)

Франција има водство против Израел во меч од Лигата на нации, а Едуардо Камавинга засега е јунак со по еден гол и асистенција.

Фудбалерот на Реал Мадрид во 7-ма минута упати еден шут од далечина, се чинеше дека Омри Глазер нема да има проблем да одбрани и да ја собере топката во своите раце, но Израелецот кој брани за Црвена ѕвезда имаше неспретна реакција и прими гол кој моѓепе да го видите ТУКА.

И самиот Камавинга беше изненаден што топката ја мина гол-линијата и со насмевка го прослави својот втор погодок во дресот на Галските петли.

Деби гол за Франција имаше Кристофер Нкунку кој добрата форма во Челзи ја продолжи и во националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести