Камавинга во Реал Мадрид до 2029 година

Едуардо Камавинга потпиша нов договор со Реал Мадрид со важност до 30 јуни 2029 година.

Французинот дојде во Реал во 2021 година, кога беше 18-годишен, и за две сезони во Реал има освоено шест трофеи, од кои највреден оној во Лигата на шампионите. Иако има само 20 години, тој има 114 настапи за Кралскиот клуб.

Камавинга е еден од најдобрите млади играчи во светот, а она што посебно го издвојува од другите е што може добро да игра на повеќе позиции, веќе не се знае дали е подобар кога игра во средниот ред или како лев бек.

- Оглас -

Најнови вести