Каменица Саса со Шопска ќе го нападне Јувентус во Лигата на шампионите!

Напаѓачот и репрезентативка на Бугарија, Антонина Шопска, денеска потпиша едногодишен договор со македонскиот првак во фудбал за жени, екипата на Каменица Саса. Новата фудбалерка доаѓа од клубот Пирин лејдис.

Шопска има 20 години, во минатата сезона беше топ реализатор на тимот од Благоевград со 21 постигнат гол. Од неа се очекуваат многу голови и во дресот на Саса, а таа треба да биде и една од главните опасности по голот на Јувентус, кој ќе биде во иста група со Рударките од Македонска Каменица.

 

- Оглас -

Најнови вести