27.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Камер Ќака ја дочека одмаздата: „Останете скромни“ (Фото)

Играчот за врска на Шкендија, Камер Ќака, го дочека совршениот момент за да му се одмазди на романскиот првак и неговиот шеф Џиџи Бекали.

По изјавите на Бекали од типот „Шкендија е третокласен тим“ или „Им даваме четири гола на реваншот“, Ќака на „Инстаграм“ напиша само два збора: „Останете скромни“.

Косовецот беше играч на ФЦСБ во 2018 година, но остана само два месеца и одигра само пет натпревари. 

Тој вечерва не беше во составот на Шкендија поради суспензија. На првиот меч во Скопје доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести