УЕФА донесе одлука да го суспендира Камер Ќака од Шкендија на еден натпревар, поради директниот црвен картон добиен на првиот меч против ФЦСБ во Скопје, каде македонскиот првак славеше со 1-0 во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Како што соопшти Комисијата за контрола, етика и дисциплина при УЕФА, суспензијата е резултат на груб старт кој доведе до исклучување на натпреварот во Скопје.
Со оваа одлука Ќака ќе го пропушти утрешниот реванш во Букурешт, но ќе може да настапи на евентуалниот натпревар во третото квалификациско коло.