На концертот на групата Колдплеј на стадионот во Мајами, во публката беше и Лионел Меси со неговата сопруга Антонела и децата, а беа снимени од „Кис камерата“ и моментот брзо стана хит на социјалните мрежи.
На видеото двојката стои еден до друг во ВИП ложата. Меси се смее и мавта, додека Антонела дискретно се смееше. Двојката не се бакна ниту пак комуницираше со камерата на кој било друг начин.
Кога се појавија на големиот екран, публиката извикуваше „Меси! Меси! Меси!“, па на кратко атмосферата се трансформираше како од концерт во спортски меч. Водечкиот пејач на бендот, Крис Мартин, им се обрати од сцената:
„О, Лео, мој прекрасен брате. Ти и твојата сопруга изгледате прекрасно. Ви благодариме што дојдовте на нашиот концерт. Спортист број еден на сите времиња“.
Славниот бенд пред околу две недели беше во сите вести поради скандалот околу бизнисменот Енди Бајрон, кој за време на концертот се појави на голем екран со својата љубовница, Кристин Кабот, а видеото стана вирално.
Меси е семеен човек и не прави грешки како Бајрон. Еве како реагираа Лео и Антонела кога се видоа на големиот екран:
Coldplay x Messi
No words, no interviews — just greatness.#Messi #Coldplay #GOAT #InterMiami #ASkyFullOfStars pic.twitter.com/zjm8HKZRWD
— Daniel Solana (@DiceElDani) July 28, 2025