Камерите на Вимблдон не ја снимаа тепачката на трибините што се случи во четвртиот сет од машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.
Инцидентот што е срамен и неприфатлив за спорт каков што е тенисот ги шокира сите на Централниот терен, вклучувајќи ги и двајцата финалисти.
Финалето ќе се памети и по тепачката, а на турнирот годинава имаше доста пропусти и организациски киксови, па се случи и двете финалистки Елена Рибакина и Онс Жабер да играат без присуство на нивните родители поради тоа што не им беше одобрена виза.
Машкото финале се уште се игра, а Ѓоковиќ води со 2:1 во сетови.