Камерманот наместо кошарка, снимаше девојки во публиката (Видео)

Скафати го победи Монтегранаро во Суперкупот на италијанската А2 лига во кошарка, но овој меч се најде во центарот на вниманието поради камерманот, задолжен за главната камера во салата, кој го снимаше дуелот.

Во првата четвртина, при резултат 7-7, снимателот беше фокусиран на кошаркарите, а потоа одеднаш „залута“ и почна да снима нешто што нема врска со играта. Тој бендиса две девојки кои си ги бараа местата на трибините и одлучи да ги снима нив, а не кошаркарскиот меч кој беше во тек.

Италијанската кошарка е редовна во понудата на Sport Life, а можеби ова ќе ве заинтригира повеќе да се заинтересирате за „палаканестро“:

- Оглас -

Најнови вести