Камерун го суспендира главниот бунтовник во Катар, тој денеска објави дека ја заврши репрезентативната кариера на 26 години

Голманот на Интер, Андре Онана, објави дека ја завршил кариерата како чувар на мрежата на својата земја Камерун на 26-годишна возраст.

Онана беше во фокусот на главниот инцидент во таборот на камерунската репрезентација на Мундијалот во Катар, кога непосредно пред вториот меч во фазата по групи против Србија беше отстранет од селекцијата.

Онана почна како прв голман на Камерунците и бранеше против Швајцарија во поразот од 0:1, а потоа селекторот Ригоберт Сонг го елиминира од составот поради недисцилина.

„Фудбалерите доаѓаат и си заминуваат и имињата се минливи, само Камерун е важен. Мојата земја е вечна и мојата љубов кон неа никогаш нема да згасне. Им благодарам на сите што ме подржуваа“, објави Онана.

Камерунскиот фудбалски сојуз сè уште го води голманот на Интер како суспендиран поради недисциплина, а Онана сега им ја олесни работата со предвремена пензија кога се работи за националниот состав.

 

- Оглас -

Најнови вести