Србија со головите на Павловиќ и Милинковиќ-Савиќ во судиското продолжение води против Камерун со 2-1 по првото полувреме на првиот денешен натпревар од Светското првенство.
Камерунците поведоа со гол на Кастелето, кој со погодокот ги казни утките на Митровиќ, но радоста траеше кратко, во додатокот по 45-те регуларни минути, Павловиќ даде гол за 1-1, кој ги крена Орлите, а хаосот во Камерун го искористи и Сергеј Милинковиќ-Савиќ со гол за пресврт.